Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора

news
Advertisement

Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора, соопшти Црногорскиот завод за хидрометеорологија и сеизмологија. Според нив, епицентарот бил на пет километри југозападно од градот Чараѓе во општина Никшиќ, а жариштето на земјотресот бил на длабочина од 14 километри.

Advertisement

Милена Томановиќ од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на прес-конференција најави дека овој посилен земјотрес можел да предизвика одредена штета во епицентарот. Тој се случи во пограничната област на Црна Гора и БиХ, јави РТЦГ.

Таа соопшти дека во таа зона и претходно имало земјотреси до јачина од 5,5 степени.

„Не можеме да предвидиме дали може да се повтори земјотрес со иста јачина или посилен. Она што можеме да го кажеме е дека имавме 30 последователни земјотреси од 5,3 до 1,5 степен според Рихтеровата скала“, соопшти Томановиќ.

„Ќе видиме каков ќе биде трендот“, рече Томановиќ и додаде дека „кога живееме во сеизмички активно подрачје, секогаш треба да бидеме внимателни“.

Земјотресот бил почувствуван низ целата земја, но и во државите од регионот. Сеизмологот Срѓан Цековиќ од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија за порталот РТЦГ претходно изјави дека длабочината на земјотресот бил на 14 километри.

Тој вели дека Институтот примил многу пријави од граѓани кои биле вознемирени. Тој наведува дека е добро што епицентарот бил во ненаселено место.

„Најсилно се почувствува околу Билеќа со интензитет од шест степени“, посочува Цековиќ, кој додаде дека по главниот земјотрес следеле уште 30 земјотреси.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.