Земјотрес ја погоди Албанија, почувствуван и во Црна Гора

news
Advertisement

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во Црна Гора.

Advertisement

Од РТЦГ известуваат дека се огласиле и од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.

„На 23.01.2024 година во 23.47 часот, Одделот за сеизмологијата на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес со епицентар на 4 километри западно од Коплик (Албанија). Јачината на овој земјотрес во хипоцентарот (заришната точка) била 3,5 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентрален интензитет од III-IV степени на Меркалиевата скала (MCS)“, велат од Институтот.

Се наведува дека епицентарот бил на 31 километар од Подгорица.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.