Златен медал за јуниорскиот кумите тим, бронза за женскиот кумите тим во У-21 на Балканското првенство

news
Advertisement

Јуниорскиот кумите тим го освои златниот медал на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У21 во Љубљана, Словеанија, додека женскио тим во борби во У21 се закити со бронза.

Advertisement

Нашиот тим во состав Блертон Сулејмани, Андреј Стојчевски, Недим Шаќири, Редон Сефули, Реџеп Рушити, Вукашин Јовановиќ и Или Билали во финалето славеше против Босна и Херцеговина.

Во женскиот кумите тим до 21 година настапија Рудина Алиу, Ера Коџа, Јована Мицовска и Михаела Мишовска кои во борбата за бронзата беа подобри од Србија.


Македонија вкупно освои 10 медали – 3 златни, 2 сребрени и 5 бронзени, па во генралниот пласман е петта. Турција освои најмногу медали 43 (13-11-19) потоа Србија 28 (11-5-12), Босна и Херцеговина 31 (8-8-15) и Црна Гора 15 (4-4-7).

Вчера медали освоија Михаела Мишовска (-50 кг, У-21) бронза, Бесарт Мемети (-55 кг, јуниори) и Витомир Трајковски (-84 кг, У-21) се закитија со златни медали, а Стефан Стојановиќ (+84 кг, У-21) освои бронза.

Во петокот со медали се закитија Цветан Маргаритов (-57 кг кадети) сребро, Сара Дука (-48 кг, јуниори), Или Билали (-68 кг, јуниори) – сребро и Драгана Ефтимовска (-61 кг, кадети) бронза.

Резултати Балканско првенство:

Јуниорски кумите тим мажи
Македонија – Бугарија 3-2
Македонија – Турција 3-2
Финале
Македонија – Босна и Херцеговина 0-0

У-21 кумите тим жени
Македонија – Босна и Херцеговина 0-2
За бронза
Македонија – Србија 2-1

У-21 кумите тим мажи
Македонија – Црна Гора 3-1
Македонија – Босна и Херцеговина 2-3
За бронза
Македонија – Турција 1-3

Ката тим кадети и јуниори мажи
Македонија 22,2 прв круг
За бронза
Македонија – Србија 22,3-22,5

Ката тим кадети и јуниори жени
Македонија – 21,5 прв круг
За бронза
Македонија – Босна и Херцеговина 21,8 – 25,2

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.