Општина Центар: Не е потрошен ниту денар од општинската каса за чистење на отпадот во „Треска“

news
Advertisement

Општина Центар ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно се трошат оштински пари за расчистување на објектите во склоп на напуштената фабрика „Треска“. Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска пред медиумите појасни дека расчистувањето на објектите го вршат сопствениците на објектите и никој друг, кои со сопствени средства го финансираат чистењето на просторот. Општина Центар нема потрошено ниту денар од општинската каса за чистење на отпадот во напуштената фабрика – велат во својата реакција од Општина Центар. Оттаму појаснуваат дека расчистувањето на објектите и опасните азбестни покриви од кругот на фабриката се вршат со почитување на сите законски прописи и правила од страна на општината, државните инспекторати и останатите надлежни институции.

Градоначалникот и општината се водеа по Законот за сопственост и други сродни права, каде е регулирана приватната сопственост и обврските на истата. Жалиме што ВМРО-ДПМНЕ, како најголема опозициска партија во државата, не ги познава законите. Потенцираме дека во ниту еден случај градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар не се обиделе да дејствуваат спротивно на законите и да донесуваат одлуки и решенија надвор од закон. Укажуваме, доколку ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија, час поскоро треба да престанат да изнесуваат неточни информации како обид за собирање на дневно-политички поени – се вели во реакцијата. Во реакцијата понатаму се додава дека градоначалникот и Општина Центар стојат на располагање и се отворени за какво било појаснување, дообјаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна и се на штета на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвинија Герасимовски и Општината дека со народни пари го спремаат просторот кај поранешната фабрика за изградба на нови згради.

СДСМ со народни пари работи за приватни бизнис интереси. Додека беа опозиција во општина Центар, велеа дека откако ќе дојдат на власт ќе ги сменат урбанистичките планови. 10 години се власт во Центар, не само што не ги сменија, туку во Центар се бетонизира секоја слободна зелена површина. Сѐ што направија 10 години во Центар е штанцање на дозволи за градба за нивната олигархија, кои на сметка на урбаниот простор прават милиони. СДСМ 10 години реди згради како наполитанки без да остави м2 слободна зелена површина – се вели, меѓудругото, во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.