Руски сили продаваат украински затвореници

news
Advertisement

Руските сили продаваат украински затвореници, тврди британски Тајмс, повикувајќи се на извори од украинската влада. Петро Јаценко, портпарол на украинското тело задолжено за прашања за воени заробеници, изјави за британскиот дневен весник дека чеченските паравоени сили активно купуваат затвореници од Русите и потоа ги разменуваат за сопствените заробени кадри.

Advertisement

Женевската конвенција експлицитно не забранува таква практика, потсетува Тајмс, но постои одредба според која „не смее да има договори кои негативно би влијаеле на состојбата на воените заробеници“.

-Имаме случаи кога ранетите ги купувале од руската војска, ги однеле во Грозни и потоа ги менувале за свои луѓе, тврди Јаценко.

Се проценува дека т.н кадировци, борци лојални на Рамзан Кадиров, се околу 10.000 на бојното поле во Украина. Повеќето од нив не се на фронтот, а овој факт се смета дека објаснува зошто самите не успеваат да ги заробат украинските војници, туку мораат да ги купат од Русите за да ги спасат своите, пишува Тајмс.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.