Злоупотреба со државни пари и криминал во време на пандемија. Како се трошеле парите за Ковид-19?

news
Advertisement

Здравствени институции купувале медицински производи за заштита од Ковид 19 и по пет пати поскапо иако состојбата со корона кризата не била вонредна, констатирале од Центарот за граѓански комуникации во најновиот, втор по ред Извештај за јавните набавки за заштита од КОВИД-19 за периодот јули-декември 2021 година.
Во извештајот, меѓу другото пишува дека, по речиси хаотичната 2020 година, 2021 година беше втора година по ред во која повторно се констатирани првично утврдените слабости во набавките но и ризиците од корупција.

Advertisement

Претседателот на Центарот, Герман Филков вели дека по повеќе од една година од почетокот на кризата, проценетите вредности на набавките и натаму се многу повисоки од цените добиени на тендерите. Како проблем го посочува и тоа дека кога има еден понудувач или останува еден понудувач речиси без исклучок понудената цена се совпаѓа или е многу блиску до проценетата вредност на набавката, што, како што вели Филков, упатува на претходно вонзаконско договарање меѓу институциите што набавуваат и фирмите понудувачи.

Според истражувањето, како јавни набавки за КОВИД-19 биле купувани и производи што немаат никаква врска со пандемијата. Како пример, Филков посочува на набавка на службен автомобил со кожен волан, шест звучници и металик боја.
Најновиот Извештај на Центарот за граѓански комуникации е изработен врз основа на длабинско следење на 40 постапки за јавни набавки чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година.

Од 4 милиони евра колку што во овој период биле потрошени за набавка ценарот анализрал речи половина од нив или скоро 1,3 милиони евра. Филков вели дека за сето ова ќе биде изготвен предлог-документ во кој ќе понудат решенија како во иднина да не бидат злоупотребувани парите на народот во случај на некоја нова криза.

Advertisement