Постојат одредени сигнали по кои можеш многу лесно да процениш дали некој тип ќе биде фејл во кревет. Ако ги забележуваш овие работи – внимавај.
1. Му треба „вечност“ за да направи прв чекор
Си му давала јасни сигнали, а тој недела дена размислува дали да ти пише. И кога конечно ќе се реши – сè оди во slow motion. Си морала ти да го „стиснеш во ќош“ за да те бакне. Ако е толку пасивен тука, замисли каков ќе биде во кревет.
2. Бега од контакт со очи
Не те гледа во очи ни кога правите најобичен муабет. Тоа значи ниска самодоверба. Ако нема храброст да те погледне право во лице, тешко дека ќе има храброст да преземе иницијатива во спална.
3. Постојано се фали колку е „добар“ во кревет
Оние што навистина знаат – не се фалат. Кога маж премногу зборува за своите „вештини“, најчесто покрива комплекс. Приказните му се како рибарски – убави за слушање, баграни во пракса.
4. Не сака да пробува ништо ново
Ако уште на старт му е „многу“ само кога ќе спомнеш нешто малку поинакво, спреми се за реприза: мисионерска, 5 минути, готово. Човек што не сака да излезе од комфорт-зона во животот, ретко кога ќе биде креативен и во кревет.
5. Лесно му се одвлекува вниманието
Во муабет со тебе, му лута погледот, се губи, не знае ни што си кажала пред 2 минути. Ако не може да остане фокусиран ни кога градите врска, тешко дека ќе биде концентриран на твоето задоволство кога ќе дојде време за акција.