Зошто поранешниот премиер и бегалец, Никола Груевски, е најпопуларен кај граѓаните, според анкетата на ИРИ?

news
Advertisement

Според истражувањето на ИРИ, популарноста на Груевски годинава пораснала и изнесува 7%, кај Христијан Мицкоски е 6%, додека кај премиерот Димитар Ковачевски е 5 проценти
Споделете

Advertisement

Тоа би рекол дека е во линија на потребата на луѓето за силен, цврст лидер, каков што беше перципиран Груевски за време на неговото владеење, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија коментирајки ги резултатите од истражувањето на ИРИ

Тоа би рекол дека е во линија на потребата на луѓето за силен, цврст лидер, како што беше перципиран Груевски за време на неговото владеење, смета Марко Трошановски од Институтот за демократија коментирајќи ги резултатите од истражувањето на ИРИ.

Во анкетата на Интернационалниот републикански институт, поранешниот премиер, како и лице кое избега од отслужување изречена казна, Никола Груевски изби на прво место по популарност кај македонските граѓани што биле вклучени во истражувањето.

„Кога имате ситуација во која многу малку од административните услуги функционираат ефикасно, кога имате високо распространета корупција, или интра-етнички фрустрации кај луѓето, се разбира дека излезот се гледа во лидери коишто се перципираат како политичари со цврста рака, вели Трошановски.

Веројатно, луѓето кога се сеќаваат позитивно на времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски е на првите неколку години од тоа владеење.
Марко Трошановски
За популарноста на Груевски, кој владееше во период кога беа нарушени бројни демократски процеси, Трошановски додава:

„За време на тоа владеење, да, во крајните фази на тоа владеење се разбира. Но, земјата за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше понизок степен, понизок индекс, на перцепција на корупцијата, отколку во изминатите пет години. Исто така доби неколку последователни препораки за отпочнување преговори од страна на Европската комисија. Така што веројатно, луѓето кога се сеќаваат позитивно на времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски е на првите неколку години од тоа владеење“, смета Трошановски од Институт за демократија.

Според истражувањето на ИРИ, популарноста на Груевски годинава пораснала и изнесува 7%, кај Христијан Мицкоски е 6%, додека кај премиерот Димитар Ковачевски е 5 проценти.

За лидерот на ДУИ, Али Ахмети се изјасниле 6% од испитаниците, додека за челникот на Левица, Димитар Апасиев позитивно одговориле 3%. Популарноста на претседателот Стево Пендаровски е исто така 3%, според изјаснувањето на испитаниците во анкетата на ИРИ.

Според истата анкета, доколку есенва се одржат избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 13% од испитаниците, додека за СДСМ својот глас би го дале 9 отсто. ДУИ се на трето место, со шест проценти од учесниците во анкетата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.