Само еден човек во светот го може тоа во моментот:Меси спие и се буди со „божицата“, веќе не се двои од неа/ФОТО

news
Advertisement

Лионел Меси на Инстаграм објави слика на која лежи во кревет со трофејот од Светското првенство во рака.

Advertisement

Аргентина во неделата ја освои третата титула светски шампион, а во финалето на Светското првенство во Катар беше поразена Франција по подобро изведување на пенали (3:3 по 120 минути фудбал).

Капитенот на „гаучосите“ Лионел Меси конечно ја подигна „божицата“, а според прикажаното овој трофеј отсега ќе зазема посебно место во неговата витрина.

Некои дури се пошегуваа во коментарите дека ја исфрлил сопругата од кревет за да направи место за “божицата“.

Меси беше прогласен за најдобар играч на Фудбалското првенство во Катар и стана фудбалер со најмногу настапи на Светското првенство, вкупно 26.

Тој беше втор стрелец на Светското првенство во Катар со седум гола, зад Килијан Мбапе кој постигна осум пати.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.