Зошто Пригожин се откажа од пучот? Се појавија нови детали!

news
Advertisement

Хаос владееше над Русија за време на викендот кога Евгениј Пригожин започна бунт и со своите платеници од групата Вагнер ја нападна Русија и почна да маршира кон Москва. Меѓутоа, како што обидот за државен удар започна нагло, тој заврши уште понагло.

Advertisement

Имено, во саботата вечерта инцидентот бил решен со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко, близок соработник на рускиот лидер Владимир Путин.

Постигнат е договор според кој Пригожин ќе се пресели во Русија, а Вагнер ќе се приклучи на руската војска.

Зошто Пригожин одеднаш се откажа од државниот удар? Сега се објавени нови информации.

Имено, на семејството на лидерот на Вагнер им се заканувале руските разузнавачки служби пред Евгениј Пригожин да го запре неговото напредување кон Москва, изјавиле за Телеграф британски безбедносни извори.

ПРОЧИТАЈТЕ И: Путин и Лукашенко разгоавараа трет пат за 24 часа
Исто така, се проценува дека платеничките сили имале 8.000 борци, а не 25.000 како што се тврди, и дека веројатно немало да успеат да го освојат главниот град на Русија, објави новинската агенција, цитирајќи ја SkyNews.

Засега не е познато каде се наоѓа Пригожин во моментов, а не е позната ниту иднината на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, чие разрешување го бараше шефот на Вагнер, а кој утрово се појави во јавноста за прв пат по бунтот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.