СДСМ: ДПМНЕ досега нема поддржано ниту една стратешка одлука, имаат шанса сега

news
Advertisement

ДПМНЕ досега немаат поддржано ниту една стратешка одлука за државата. ДПМНЕ не го поддржаа Договорот од Преспа, не го поддржаа членството во НАТО, не го поддржаа почетокот на преговорите со ЕУ велат од СДСМ.

Advertisement

– Најеклатантен пример е гласањето на договорот ФРОНТЕКС. Тој договор е прв договор во кој македонскиот јазик стои заедно со сите јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ. Ниту овој договор ДПМНЕ не го поддржа и не влегоа да го гласаат при ратификацијата во Собранието. И најновата одлука на германскиот Бундестаг не беше поддржана од ДПМНЕ ниту од нивните сестрински партии. Во исклучително тешко време, соочени со бројни предизвици и обиди за негации на нашиот идентитет, СДСМ успеа земјата да продолжи напред кон ЕУ, да го сочуваме и да го обезбедиме македонскиот идентитет. Сега ДПМНЕ има шанса да направи државнички потег за прв пат. Да остане на искажаниот став за уставни измени, да учествува во дијалогот и процесот и заедно да ја донесеме одлуката за европска иднина, се вели во соопштението од партијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.