Иако Грција беше против, Турција започна истражување на гас во поле во Средоземното Море

news
Advertisement

Министерот за енергетика на Турција Фатих Донмез денеска соопшти дека бродот за дупчење „Абдулхамид Кан“ започнал со истражувачки работи во Средоземното Море, јави ТАСС.
Нашиот брод „Абдулхамид Кан“ започна со дупчење на полето „Јоруклер-1“, напиша министерот на Твитер.

Advertisement

Новиот турски брод-дупчалка тргна на море на 9 август од медитеранското пристаниште Мерсин. Тој ќе спроведе испитувања на гас на 55 километри од брегот на Анталија, јави БТА.
238-метарскиот Абдулхамид Кан е четвртиот турски брод за дупчење. Тој е способен да врши операции на дупчење на длабочина од повеќе од 12 километри и е опремен со најсовремена опрема.
Екипажот на бродот се состои од околу 200 луѓе.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.