Ивановска: Владата ни наметнува обврска во ДКСК да вработиме оџа

news
Advertisement

Одиме на Уставен бидејќи сметаме дека овој закон е неуставен бидејќи не обезбедува законитост, односно усогласеност со другите закони и од друга страна наметнува обврска да се прифатат луѓе од Министерството за политички систем за кои институциите и немаат потреба. Вака вечерва во интервју за Телма ја објасни иницијативата која ја подготвува Комисијата за спречување на корупција, претседателката Билјана Ивановска.

Advertisement

„Последната одлука на Владата, ни наметнува обврска да примиме тројца од тоа министерство од кои еден државен советник, кога тој успеал да изгради кариера за државен советник во Министерството за политички системи која ќе биде соодветна за Државната комисија дотолку повеќе што неговата стручна подготовка е Факултет за Исламска вероисповест, тоа е оџа. Што бара со таква стручна спрема, во нашата институција“, изјави претседателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска.

Таа додава дека колку и да сакаат да ја менуваат систематизацијата на Комисијата, не може да предвидат работно место со таква стручна подготвеност.

„Јас никогаш не ги делам луѓето по националност. За мене има луѓе кои си ги исполнуваат обврските и луѓе кои не ги исполнуваат“, додава Ивановска додавајќи дека од претходно вработените четворица, еден си заминал, а тројцата се уште се дел од Комисијата и работат.

ИЗВОР. https://4news.mk/ivanovska-vladata-ni-nametnuva-obvrska-vo-dksk-da-vrabotime-odha/?fbclid=IwAR3NmLh6N74d5VTlHUE0vLVx2wYpBtMuL1idGD2abODCBnQmILFwpxHzyI0

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.