ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТА

news
Advertisement

После силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола вчера се известуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета, дека може да поднесат барање за пријавување на штета на шалтерите во Општина Битола.

Advertisement

Во прилог на барањето потребно е да се достави:

– имотен лист/доказ за сопственост

– фотографии од претрпената штета

– копија од лична карта

– број на трансакциска сметка

Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.

Барањата можат да се доставуваат од четврток 06.07.2023 до петок 14.07.2023 од 09.00 до 15.00 часот.

Барањето за пријавување на штета е достапно на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/izv-steta/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.