Рама повика на поголема финансиска поддршка од ЕУ: Јазот е неспоредлив, не може да има граѓани од прв и втор ред

news
Advertisement

Алабанскиот премир Еди Рама кој се наоѓа во официјална посета на Скопје ја повика Европската Унија на поголема финансиска поддршка за земјите од Западен Балкан.
Рама рече дека јазот помеѓу земјите членки и нашите држави од аспект на финансиската поддршка е неспоредлив и ја повика Европа да биде покомпактна.

Advertisement

„Откако почнавме со преговори со ЕУ почнавме да притискаме во овој правец, проактивно соработувајќи едни со други како земји, особено со Северна Македонија, со цел да ја истуркаме нашата заедничка цел, опремувајќи ги партнерите со конкретни бројки кои извираат од оваа реалност“, рече Рама.

Албанскиот премиер повторно ја повтори својата замерка кон Унијата за време на пандемијата, кога, како што рече, ЕУ не’ оставила како риби без вода, принудувајќи не’ да бараме вакцини од трети земји.

„Ова не е единствениот, има бројни заендички предизвици што налагаат заеднички приод кон граѓаните. Не може да има граѓани од прв или втор ред. Тоа што нашите соседи од ЕУ користат и добиваат, не може да се спореди со тоа што ние го нудиме од нашите внатрешни ресурси“, рече Еама.

Потенцира дека Албанија и Северна Македонија имаат усогласена надворешната политика во ЕУ, и тоа е вредност која што е олицетворена

Добрата вест, рече Рама, е што Комисијата работи во оваа насока и наскоро ќе имаме уште еден неформален состанок во Тирана, а ќе присуствуваат пријатели од ЕУ да дискутираме за планот за финансиската поддршка. Албанскиот премиер заклучи дека таа поддршка е потребна ја залужуваме, взаемно придонесувајќи.

„ЕУ има потреба од нас, колку и ние од неа“, закучи Рама на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Скопје.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.