Со класот заминаа на одмор во Грција, двајца матуранти го загубија животот

news
Advertisement

Еден од нив конзумирал алкохол и паднал на карпата, додека другиот доживеал срцев удар
Двајца млади Ирци се пронајдени мртви на грчкиот остров Иос додека со соучениците оделе да ја прослават матурата.

Advertisement

Трагедијата беше одбележана во неделата, каде еден од младите беше пронајден мртов на карпа во областа Германоли од страна на грчките власти. Младиот Ирец, кој бил на Иос со 69 негови соученици од колеџот Сент Мајкл, наводно конзумирал големи количества алкохол и паднал од карпата удирајќи со главата на враќање кон хотелот.

Така младиот Ендру О’Донел доживеал срцев удар кога ја дознал веста за смртта на својот пријател. 18-годишникот страдал од хронични проблеми со срцето и не можел да ја поднесе загубата на својот пријател.

„Министерството за надворешни работи е запознаено со случајот и нуди конзуларна помош. Како и за сите конзуларни прашања, одделот не ги коментира деталите за поединечни случаи“, изјави портпаролот за Irish Independent.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.