Извештаите од обдукциите на Вања и Панче доставени во Обвинителството

news
Advertisement

Резултатите се чекаа повеќе од две недели, а како што претходно посочуваа од ЈО, не станувало збор за обична обдукција и се чекало да бидат завршени поголем број анализи. Повеќе детали од Обвинителството, ниту тогаш, ниту сега не се откриваат во интерес на истрагата која се води.

Advertisement

Извештаите од судска медицина кои треба да дадат одговори на многу прашања за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорческа и 72 годишниот Панче Жежовски денеска се доставени до Јавното обвинителство.

Резултатите се чекаа повеќе од две недели, а како што претходно посочуваа од ЈО, не станувало збор за обична обдукција и се чекало да бидат завршени поголем број анализи. Повеќе детали од Обвинителството, ниту тогаш, ниту сега не се откриваат во интерес на истрагата која се води.

Што утврдила обдукцијата, како настапила смртта на Вања и Панче, дали времето на настапување на смртта се совпаѓа со исказите на осомничените и сведоците, засега не е познато.

Од шестмина осомничени за организација и реализација, но и помош при бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо, само тројца признаа вина за вмешаност во убиствата на Вања и Панче. Тоа се првоуапсените Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.

За помагање во киднапирањето, осомничен е Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој според Обвинителството дал информации за времето на движење на девoјчето. Статус на осомничен доби и лицето кое го возеше Палчо при неговото бегство, од Белград до Турција, Стефан Димковски. Сите осомничени се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка.

За првоосомничениот, Љупчо Палевски-Палчо се чека да биде екстрадиран од Турција.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

ИЗВОР. https://kurir.mk/vesti/makedonija/izveshtaite-od-obdukciite-na-vanja-i-panche-dostaveni-vo-obvinitelstvoto/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.