Израил и Палестина во пламрн. Што се крие позади оваа војна?

news
Advertisement

700 жртви и над 2.000 се повредени откако борците на Хамас неадејно го нападнаа Израел. Вчера Израел и официјално му објави војна на Хамас, при што во појасот Газа загинале околу 400 лица, неколку илјади се повредени.

Advertisement

Министерството за здравство во Газа, објави дека починале повеќе од 400 палестинци, а медицинската нега е тежната поради тоа што Израел ја прекина струјата на територијата. Целосниот обем на израелскиот одговор останува нејасен, но Премиерот Бенјамин Нетанјаху најави „долга и тешка војна“.

Вчера се состана и Советот за безбедност на обединети нации каде голем број од земјите го осудија Хамас, но не едногласно.Високиот американски дипломат Роберт Вуд по седницата зад затворени врати, за новинарите изјавил дека може да погодат кој всушност не дал осуда за Хамас, веројатно алудирајќи на Русија.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, изјавил дека за време на средбата американците се обиделе да ја обвинат русија дека не го осудува нападот, што, според него, не е точно.

Амбасадор на Израел во Обединетите нации го обвини Хамас за воени злосторства и рече дека Израел ќе стори се за да ги ослободи заложниците од рацете на терористите.

Гилад Ердан, Амбасадор на Израел во Обединетите нации

„ Сведоци сме на воени злосторства, бесрамни варварски воени злосторства, колење цивили, злоупотребување заложници, грабнување бебиња од нивните мајки, не постојат зборови да се опише ова дивјаштво. Ова израилевиот 9/11, ова е израилевиот 9/11 и Израел ќе стори се да си ги врати синовите и ќерките дома. “

Инаку во напад на музички фестивал убиени се 260 луѓе. Хамас тврди дека држи повеќе од 100 заложници, меѓу кои и офицери на израелската армија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *