Илјадници луѓе се понудиле да ја посвојат Аја, бебето родено под урнатините во Сирија

news
Advertisement

Илјадници луѓе се понудиле да го посвојат девојчето родено под урнатините на зграда во северозападна Сирија. Кога беше спасена по земјотресот, бебето Аја, што значи чудо на арапски, сè уште беше поврзана со папочната врвка со мајка ѝ.

Advertisement

Нејзините мајка, татко и четворица браќа и сестри загинаа во градот Џиндаирис. Аја сега е во болница и лекарите велат дека е во добра состојба.

„Таа пристигна кај нас во понеделникот во лоша состојба. Имаше модринки, беше ладна и едвај дишеше. Сега е стабилно“, изјави Хани Маруф, педијатарот кој се грижи за неа.

Видеото од спасувањето на малата Аја се прошири на социјалните мрежи и во меѓувреме, илјадници луѓе побарале детали како да ја посвојат, меѓу нив и кувајтски ТВ-водител.

„Подготвен сум да го посвојам и да се грижам за тоа бебе“, кажа тој во етерот.

Менаџерот на болницата Халид Атија изјави дека му се јавиле десетици луѓе од цел свет кои сакаат да ја посвојат Аја.

„Нема да дозволам никој да ја посвои засега. Додека не се вратат нејзините далечни роднини, ќе ја третирам како да е моја“, кажа Атија, чија сопруга моментално ја дои Аја, заедно со нивното четиримесечно бебе.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.