ИМААТ ПСИХОСОМАТСКИ СИМТОМИ, РАНО СТАПУВААТ ВО СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ, ТРПАТ НАСИЛСТВО… Не им е лесно на младите, особено на девојчињата во Македонија

news
Advertisement

Дури 52 отсто од младите луѓе, пред сѐ младите девојчиња и 29 проценти од машките, се соочуваат со психосоматски симптоми и тоа секојдневно, на неделна основа, повеќекратно, покажува истражувањето на невладината организација ХЕРА.

Advertisement

Истражувањата на невладината организација ХЕРА покажуваат дека половина од девојчињата и третина од момчињата се соочуваат со психосоматски симптоми.

Претседателката на ХЕРА, Румена Гердовска-Којчевска, на денешната прес-конференција по панел дискусијата во Штип за менталното здравје на младите, истакна дека според истото истражување, бројот на малолетнички раѓања кај нас е речиси трипати поголем отколку во земјите на Европската Унија, а младите порано стапуваат во прв сексуален однос во споредба со нивните врсници од западноевропските земји.

Дури 52 отсто од младите луѓе, пред сѐ младите девојчиња и 29 проценти од машките, се соочуваат со психосоматски симптоми и тоа секојдневно, на неделна основа, повеќекратно, што значи дека тоа е огромна млада популација којашто има многу сериозна потреба од едукација и запознавање со овие содржини. Истражувањата покажуваат и дека 50 отсто од учениците на 15-годишна возраст во паралелките со албански наставен јазик и околу 25 проценти од учениците во паралелките со македонски наставен јазик ги прифаќаат традиционалните родови стереотипи, како, на пример, дека мажот треба да биде авторитетот во куќата, а жената да биде само добра сопруга и домаќинка наместо да се посвети на напредување во кариерата – вели Гердовска-Којчевски.

Извор: https://plusinfo.mk/imaat-psihosomatski-simtomi-rano-stapuvaat-vo-seksualni-odnosi-trpat-nasilstvo-ne-im-e-lesno-na-mladite-osobeno-na-devo-chi-ata-vo-makedoni-a/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.