Имало ли притисоци во Врховен: Беса Адеми нема да оди во Судски совет

news
Advertisement

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, нема да се појави на „испрашување“ во Судскиот совет, а каде е повикана поради пишувањата во јавноста дека се вршат политички притисоци врз судиите. Причината што Адеми нема да биде присутна на денешната закажана работна средба во највисокото судско тело, ќе се образложи преку соопштение.

Advertisement

Претходно, Судски совет кажа дека се загрижени поради обвинувањата за притисоци на највисоките судии во државата.

„Во последните неколку дена во медиумите се објавени повеќе написи за политички притисоци врз судиите на Врховниот суд, реакции на политички партии, како и интервјуто на претседателката на овој суд, Беса Адеми, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста дека евентуалното вршење на притисоци од каков било вид судиите, е недозволиво и крајно загрижувачко“, истакнаа од Судскиот совет.

Работна средба беше закажана денеска во 11 часот во просториите на Судскиот совет.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.