Средба Арсовска-Григорјан

news
Advertisement

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), амбасадорот, Армен Григорјан, одржаа работна средба на која учествуваа 40 претставници на Град Скопје и УНДП, со цел дискусија за политиките клучни за развој на локално ниво чија имплементација следи.

Advertisement

Претставниците од Град Скопје и јавните претпријатија ги презентираа тековните градски активности и проекти, како и идните планови, додека претставниците од УНДП ги презентираа областите со можност за заедничка реализација на проекти за соработка, со фокус на заштитата на животна средина како и проекти насочени кон инклузивен и одржлив развој на локално ниво.

Можностите за интензивирање на меѓусебната соработка преку заедничка реализација на проекти и конкретни иницијативи за подобрување на животот на граѓаните, се дискутираа со присутните регионални експерти, со цел градење на севкупните капацитети на Град Скопје преку проекти чиј фокус е делување за овозможување циркуларна економија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.