Има чесни луѓе, 32 годишен тетовец пронашол торбичка со пари и ја вратил на сопственикот

news
Advertisement

На 31 декември пред влезот на Тетово кај клучката „Север“ 32 годишен тетовец забележал торбичка во која имало лични предмети и документи, како и паричник со денари и девизи.

Advertisement

Тој ја зел тробичката и за кратко ја предал на патролната служба на сообраќајната полиција кој била во непосредна близина.

Полициските службеници веднаш реагирале, го пронашле сопственикот и му ја предале торбичката. Се работи за 41 годишен скопјанец кој искажал големо задоволство за хуманиот потег и чесноста на тетовецот.

Настанот ни го потврдија и од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.