Advertisement
Вчера во 15.00 часот во СВР Куманово, 63-годишна жена од кумановско село пријавила дека таа и нејзина сосетка биле измамени од едно лице, соопшти МВР.
Advertisement
Според пријавеното во полиција, лицето дошло во дворот на нејзината сосетка и им понудило огревни дрва, по што двете му дале вкупно околу 8000 денари. Како што е пријавено, лицето ги зело парите и заминало, но не се вратило, по што сфатиле дека биле измамени, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Advertisement