Интерпол го приведе екс-разузнавачот Грујевски во Хрватска и го ослободи

news
Advertisement

Интерпол го приведе екс-разузнавачот Грујевски во Хрватска и го ослободи

Advertisement

Поранешниот разузнавач и началник на петтата управа Горан Грујевски бил уапсен во хрватскиот град Загреб, и набрзо потоа ослободен. Приведувањето го спровело хрватското одделение на Интерпол по меѓународната потерница која беше распишана по него во 2107 година, неколку месеци по тогашната смена на власта и насилниот упад во Собранието.

Македонското министерството за внатрешни работи добило известување дека вчера Грујевски бил приведени, но денеска (14 април) им пристигнало известување дека е ослободен. Повеќе детали за причините зошто по краток притвор Грујевски е ослободен засега нема.

Ова е второ приведување на поранешниот разузнавач Грујевски.

Првото приведување беше спроведено од Интерпол во Грција во октомври 2017 година. Тогаш Грујевски заедно со неговиот колега бегство и во Управата за безбедност и контраразузнавање и Никола Бошковски беа уапсени на солунскиот аеродром со фалсификувани бугарски пасоши под имињата Неџби Хасан и Христо Атанасов.

По нив беше распишана меѓунардона потерница во 2017 година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.