Истражители на Финансиската полиција и МВР влегоа во скопски „Водовод“

news
Advertisement

Истражители на Управата за финансиска полиција и инспектори од МВР реагираа „по допрен глас“ и влегоа во скопски „Вододов и канализација“ по тврдењата од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за сомнителен тендер за изградба на пречистителна станица на отпадните води кои се влеваат во реката Вардар. Еваулацијата на понудите на тендерот и покрај „чешлањето“ на документацијата не е доведена во прашање, изјави новиот директор на јавното претпријатие Марјанчо Митовски, а дека започнала истрагата, потврди и градоначалничката.
Тимовите на Финансиската полиција и на МВР по утврдените сознанија за своите наоди ќе го информираат скопското Јавно обвинителство, кое во случајов засега е во улога на координативно тело, а како што велат од обвинителството, ќе се постапува ако првично се утврди дека постојат елементи на кривично дело.

Advertisement

Информацијата дека истражните органи се веќе во акција ја објави и градоначалничката, додека новиот директор Митовски, иако такаречи тукушто е стапнат на функцијата, веќе даде и изјава за новинарите, со која и тој потврдува дека се прибираат сознанија поврзани со тендерот за пречистителната станица, инаку финансирана од Европската банка за обнова и развој.

Директорот на претпријатието вели дека „чешлањето“ на документацијата не значи и загрозување на проектот многу важен за главниот град.

Сомнежите за овој тендер беа причината за разрешувањето на директорот Перински, а градоначалничката Арсовска очекува истрагата да ги расчисти сите дилеми, откако таа завчера најави дека до обвинителството ќе ги достави документите кои отвориле сомнеж кај неа за местење на тендерот. Таа притоа од директорската позиција на Водовод го разреши Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

По ова разрешување и по претходното разрешување на генералниот секретар на Градот следуваа нови разрешувања или оставки на директори, кадри на ВМРО-ДПМНЕ, а односите меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ која на функцијата дојде со поддршка од партијата на Мицкоски, се крајно заострени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.