Истражувачите откриваат: Која е најдобра, а која најлоша поза во сексот за женскиот оргазам?

news
Advertisement

Истражувачите од една гинеколошка клиника во Њујорк дошле до интересни сознанија, проценувајќи ја поврзаноста помеѓу различните пози во сексот и нивната способност да ја доведат жената до кулминација.
Мисионерската поза има репутација на најздодевна поза во сексот, но по ова научно откритие токму таа би можела да стане нов фаворит кај жените.
Истражувачите од приватната гинеколошка клиника „New H. Medical“ во Њујорк откриле дека испробаниот и вистински метод – со маж врз жена чии колкови се потпрени на перница – е најдобриот начин за доток на крв во клиторисот и постигнување оргазам, пренесува „NYP“.
Лекарите користеле ултразвучен скенер за мерење на проток на крвта на тестиран пар во неколку пози по 10 минути. Позите биле каубојка, лотус, мисионерска поза и доги. Според снимките, позите лице во лице генерално го подобрувале протокот на крв во клиторисот, што довело до подобри оргазми.

И покрај безбројните достапни водичи за тоа како да го задоволите партнерот, тим од истражувачи предводен од д-р Кимберли Лови имал за цел да го реши недостатокот од „научни истражувања кои ја проценуваат врската помеѓу различните пози во сексуалниот однос и нивната способност да предизвикаат женски оргазам“.
На пример, кучешката (доги) поза произведува најмалку директен контакт со клиторисот, што резултира со занемарливо зголемување на протокот на крв во споредба со позите лице во лице, пишуваат истражувачите.
Перниците исто така се покажале како клуч за максимално задоволство поради подлабокото продирање.
„Перниците кои се продаваат за оваа намена, често наречени „секс перници“ или „перници за позиционирање“ обично се цврсти и во облик на клин, што овозможуваат попрецизна и поконзистентна ангулација на карлицата од вообичаените перници за кревети“, објаснуваат експертите.

Сепак, тие исто така забележале дека резултатите кај жените може да варираат со оглед на тоа што не го доживуваат истото ниво на стимулација во секоја сексуална поза.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.