Истражувањето откри: Речиси половина од случаите на рак се предизвикани од причини што може да се спречат

news
Advertisement

Речиси половина од смртните случаи од рак во светот се поврзани со фактори кои можат да се избегнат како што се пушењето цигари, консумирањето алкохол, сексот без заштита и дебелината, пишуваат научниците.
Тие анализирале податоци од околу 10 милиони луѓе кои во 2019 година починале од 23 видови рак.

Надворешните фактори биле причина за болеста кај 4,45 милиони смртни случаи, односно кај 44,4 отсто од нив.
„Оваа студија покажува дека товарот на ракот останува важен јавноздравствен предизвик, чија магнитуда расте во светот“, рекол Кристофер Мурај од Универзитетот во Вашингтон, коавтор на студијата.
Најчести причини за рак се пушењето цигари (околу 36 отсто од случаите), консумирањето алкохол (околу 7 отсто), сексуално преносливите болести (6,5 отсто) и дебелината (околу 4,2 отсто кај мажите и 5,2 отсто кај жените).
Во 2018 година, повеќе од 2 милиони случаи на рак биле поврзани со инфекции како што се Хеликобактер пилори, хепатитис и ХПВ. Студијата покажала и дека ризикот од смрт од рак поради надворешни фактори е поголем кај мажите (50,6 отсто од случаите) отколку кај жените (36,3 отсто).

„Главната порака на ова истражување е јасна: значаен број на карциноми, веројатно повеќето од нив кога се во прашање инфекциите, може да се спречат“, пишуваат научниците во стручното списание „Лансет“.
Во написот се нагласува дека превенцијата од рак има и финансиски ефект: инвестирањето до 100 милиони долари во превенција резултира со заштеда од 100 милијарди долари во трошоците за лекување.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.