ИСФРЛЕН ОД СП – СО ЛАКТ ВО ГЛАВА ДИРЕКТОРОТ НА ФИФА

news
Advertisement

Дефанзивецот на Уругвај, Хозе Марија Хименез се соочува со суспензија од 15 натпревари, откако се појавија снимки на кои го удира со лакт директорот за натпреварувањето на ФИФА по победата на Уругвај над Гана со 2-0 во третото коло од групата Х.

Advertisement

И покрај победата, Уругвај не се пласираше во осминафиналето поради полошата гол-разлика од Јужна Кореја, а во судиското надополнување Јужноамериканците мислеа дека им е ускратен пенал, што можеше да ги одведе во нокаут фазата.

Уругвајците полудеа по судијата на мечот Даниел Зиберт, кого го следеа додека не го напушти теренот. Во тој метеж, Хименез го удри со лакт претставникот на ФИФА, поради што Мундо Депортиво пишува дека 27-годишниот дефанзивец може да добие суспензија од 15 натпревари доколку се пријави инцидентот.

Имено, ваквиот потег се смета за напад на службено лице. Не е јасно дали евентуалната казна од 15 натпревари би важела за Уругвај или за клупскиот фудбал. Хименез, инаку, е играч на Атлетико Мадрид. Тој се соочува со финансиска казна од најмалку пет илјади швајцарски франци.

„Крадци, овие кучкини синови се сите куп крадци… Само продолжете да ме снимате…“, изјави Хименез пред камерата по натпреварот, додека неговиот тимски колега Единсон Кавани го собори ВАР мониторот на пат кон соблекувалната.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.