СДСМ: Имаме редовни средби со ДУИ

news
Advertisement

Од СДСМ за ТВ21 велат дека меѓу партијата и нивниот коалициски партнер ДУИ има редовни средби.

Advertisement

„Помеѓу СДСМ и ДУИ има редовни средби, тоа е во сферата на меѓукоалициските разговори на партнерите. Сите опции се отворени но, се уште е рано за детали, а разговорите ќе продолжат и во иднина“, велат од СДСМ.

Како што веќе објави ТВ21, во текот на вчерашниот ден имало состанок меѓу претставници на СДСМ и ДУИ, на кои било разговарано како да се настапи на парламентарните и претседателските избори кои ќе се одржат следната година.

Неофицијално, како што дознава ТВ21 од партиски извори, се дискутирало за т.н Европски фронт, кој би се состоел од сегашните владини партнери, СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците кои би настапиле заедно на парламентарните избори со заеднички листи.

Според извори на ТВ21, проценките на СДСМ биле доколку се прифати ваквиот прелог, Европскиот фронт може да дојде до победничка ситуација, односно би можела да освои од 55 до 65 пратеници.

Наводно една група од СДСМ има три предлози до ДУИ. Првиот предлог е ДУИ да се откаже од технички премиер и техничка Влада, односно да нема премиер Албанец во последни 100 дена Влада. Вториот предлог е да се направат заеднички листи за наредни парламентарни избори и третиот предлог е да се поддржи еден заеднички кандидат уште од првиот круг за претседателски избори.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.