Расчистени 11 кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „прикривање“ во Радовиш

news
Advertisement

Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против 20-годишниот М.Ј. од Штип, со престој во Радовиш, 22-годишниот С.Р. од Радовиш со престој во Штип, 18-годишниот Т.Ј. од Штип, 22-годишниот Ј.А. од Радовиш, 66-годишниот Љ.Т. од Радовиш и 31-годишниот Б.А. од Радовиш, извести МВР.

Advertisement

„М.Ј., С.Р., Т.Ј. и Ј.А. во периодот од март до септември 2023 година во куќи и викенд куќа на подрачје на Радовиш извршиле 11 кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот закон, а Љ.Т. и Б.А. се сомничат за сторени две кривични дела „прикривање“, односно поради тоа што прикриле дел од предметите кои осомничените ги одзеле при вршење на кражбите“, соопшти МВР.

Со извршените кривични дела лицата противправо се стекнале со имотна корист во висина од 170.300 денари.

Извор: https://makfax.com.mk/crna-hronika/%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%87%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8-11-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B0/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.