Апасиев: СДС-ДУИ се подеструктивни за едно општество дури и од војна

news
Advertisement

Во последниот квартал од годината темата за годишниот раст на економијата станува се поактуелна, а бројни релевантни, како домашни, така и странски институти во своите истражувања покажаа дека Македонија е една од земјите во Европа која има најмал економски раст, додека растот на инфлацијата е енормно голем и покрај обидите на Владата истиот да биде заташкан.

Advertisement

Ваквата економска состојба не остана неискоментирана од Лидерот на Левица – Апасиев, кој македонската економија ја спореди со руската, која во време на војна пораснала за неколку пати повеќе од нашата во време на мир.

„Руската економија, и покрај војната и санкциите, пораснала за 5,5% во последниот квартал!? Нашата – едвај 1%. Наравоучение: СДС-ДУИ се подеструктивни за едно општество дури и од војна!“ – Напиша кратко Апасиев на својот фејсбук профил.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02K8wwFhosQF3PzKrHHkveW9UBwiEQzhsxiP8sNfWKQRvNhpdihjbTDxTV5Uw3AQa4l&id=100001660416730&mibextid=Nif5oz

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.