Македонија во портокалова фаза: И денеска температури до 41 степен

news
Advertisement

Земјава и натаму е зафатена од топлотен бран и високи температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека и во следните денови ќе биде многу топло.

Advertisement

Утринските температури ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.Времето денеска ќе многу топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. UV=10.

„Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец, во делови од регионот кон крајот на денот ќе има услови за краткотрајно поинтензивна нестабилност со пороен дожд и грмежи“,информираат од УХМР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.