Каматите не може да бидат поголеми од долгот, намалени трошоци за брзи кредити, велат од СДСМ

news
Advertisement

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за извршување и на Законот за облигациони односи, со што ставивме крај на огромните каматни стапки, информираат од СДСМ.

Advertisement

Со новите измени, како што истакнуваат, каматната стапка нема да смее да го надмине долгот, односно таа престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниот долг.Тоа, појаснуваат од владејачката партија, значи дека повеќе нема да има ситуации каде што граѓани за долг од 1.000 денари враќале и до пет пати поголем износ, а рокот за застарување на долгот го намалуваме од 10 на 5 години.

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои и измените на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60% од кредитот.

На тој начин ја прекинуваме праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.

Со овие законски измени ставаме крај на должничкото ропство кај граѓаните“, се додава во соопштението од СДСМ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.