Исчезнатиот велешанец e пронајден мртов

news
Advertisement

Велешанецот на возраст од 49 години, кој вчера во полиција бил пријавен за исчезнат, дене е пронајден починат на автопатот „Пријателство“.

Advertisement

Според полицијата тој излетал со своето возило и од здобиените повреди починал.

Во известување на МВР се вели дека денеска (07.12.2023) во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот `Пријателство`, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1.400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, `форд фокус` со велешки регистарски ознаки.

Полицијата уште додава дека во несреќата, од здобиените повреди починал возачот П.Д.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош-Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес, велат од полицијата а најавија дека по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Извор. https://4news.mk/ischeznatiot-veleshanets-e-pronajden-mrtov/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.