И денес сахарски песок низ Македонија, се очекуваат густи облаци

news
Advertisement

И денеска продолжува облачното време со сончеви периоди кое е предизвикано од сахарската прашина која веќе неколку дена е присутна на Балканот.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека во текот на денешниот ден и во текот на ноќта ќе има зголемена концентрација на сахарска прашина над целата територија на Македонија, додека пак од утре се очекува небото да се разведри.
Утре претпладне ќе има зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и благ пад на дневната температура.
Како што претходно објавивме, овој феномен визуелно можеше да се забележи и вчера во Маврово.
Сахарски песок во Маврово
Освен Македонија, сахарска прашина има и во соседството каде температурите во центарот на Атина на 27 март беа измерени 25,3 Целзиусови степени, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степена.
Тогаш сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи население, особено луѓето што страдаат од астма, да избегнуваат непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки.
„Африканската прашина носи честички кои може да се интегрираат со полен, бактерии и со габи создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, особено за респираторниот систем“, предупреди Сојузот.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.