807 брзи возачи добија казна од сообраќајната полиција

news
Advertisement

Со радараска контрола на улиците и патиштата низ Македонија сообраќајната полиција вечра регистрира 807 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. МВР информира дека 53 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Advertisement

Притоа, 399 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 408 надвор од населено место.

МВР информира дека на територијата што ја покрива СВР Битола за брзо возење се напишани 251 казна, на територијата на СВР Тетово казнети се 188 возачи за брзо возење, a во Скопје 181 возач.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.