И таткото на Вања останува во притвор – еве колку години затвор може да добие ако се докаже дека е виновен

news
Advertisement

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по
предлог на Основното јавно обвинителство Скопје донесе решенија за продолжување на мерка
притвор против петте лица, осомничени за грабнувањата и убиствата на младата Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес.

Advertisement

Меѓу осомничените е и таткото на Вања, лицето А.Ѓ. кое обвинителството го сомничи за сторено кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од Кривичниот Законик.

Член 141 Грабнување

(2) Тој што делото (Грабнување) од став 1 го стори спрема малолетно лице или тој што
заради остварување на целта на грабнувањето од став 1 се заканува дека ќе го
лиши од живот грабнатото лице или дека тешко телесно ќе го повреди, ќе се
казни со затвор најмалку четири години.

Ова е наведено во конкретниот член од Кривичниот законик, што значи дека доколку таткото на Вања се прогласи за виновен по овој член, во затвор ќе помине најмалку четири години.

Лицата кои ќе бидат осудени за убиствата на Вања и Панче се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

ИЗВОР. https://24info.mk/2024/01/04/%d0%b8-%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b0-%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80/?fbclid=IwAR0gZ_P2FSrwtT-5VJ147hB-LpTAVHpX-VStFEIKsmoO9Vzd_VpxGMfvOaM

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.