Кавга за поедници или крај на соработката Арсовска – Мицкоски

news
Advertisement

Во кое својство тука викнал новинари, праша Градоначалничката Арсовска ненајавено влегувајќи во холот на Водовод каде веќе разрешениот директор имаше закажана прес конференција. Го обвини за нетранспарентност во тендерска постапка тешка 137 милиони евра што ја наведе и како главна причина за неговото разрешување.

Advertisement

Арсовска рече дека сите документи со кои располага ќе им ги предаде на надлежните институции кои треба да одлучат дали и каква постапка би воделе против Перински. Тој пак изрази загриженост дека поради ваквите потези на Град Скопје, постои можност тендерот кој треба да обезбеди прочистување на 90% од отпадните води во Вардар да пропадне.

Арсовска вели дека покрај Перински од исти причини го разрешила и Генералниот секретар на Град Скопје кој исто така е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој пак на социјалните мрежи објави дека сам си заминал бидејќи бил разочаран од како што рече, слабиот потенцијал на Арсовска

“Залуден е мојот и нивниот ентузијазам кога Арсовска покажува затвореност, поинакви приоритети од ветените, слаба динамика во темпото на реализација додека проблемите се наталожуваат. Во таква една ситуација развојот на градот Скопје не е можен, иако граѓаните со право очекуваа по нејзиното стапување на функција многу повеќе“ – напиша на социјалните мрежи сега веќе поранешниот Генерален секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски

Несогласувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска траат подолг период. Иако официјално тоа не го потврдуваат, од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека по разрешувањето на Перински соработката со Арсовска е завршена. И Мицкоски денеска одби прецизно да одговори дали советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги гласаат предлозите на Арсовска во Советот.

Откако стана градоначалник Арсовска постави а потоа и разреши поголем број на директори кои беа предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.