Пукотница во супермаркет во САД, тројца убиени

news
Advertisement

Супермаркет се претвори во сцена на крвопролевање откако вооружен маж со пушка АР-15 отворил оган, убивајќи две лица, а рани уште едно, соопшти полицијата.
Пукотницата почнала нешто по 19 часот по локално време во трговскиот центар во Бенд, Орегон, изјави началникот на полицијата Мајк Кранц.
Лицето за кое се претпоставува дека пукало било пронајдено мртво на местото на настанот. Полицијата пронашла пушка АР-15 блиску до телото на тоа лице, рече Кранц.
Мотивот за нападот останува нејасен. Нападот следи по низата други престрелки во самопослуга низ САД во изминатата година и во услови на севкупен пораст на инциденти со „активен стрелец“,
според извештајот на ФБИ.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.