Кавга меѓу соседите за улицата во Бутел, сосетката тврди дека има судска одлука

news
Advertisement

Два дена по тензичната ситуација меѓу соседите во населбата „43“ во скопски Бутел, за да зборува пред камера и да ја раскаже нејзината верзија се јави лицето кое тврди дека овој дел од улицата е во нејзина сопственост.

Advertisement

Славица Камненова вели дека има судска одлука дека земјиштето е нејзино. Ни покажа и имотен лист и мапа од парцелата.

Тврди дека од 2022 година го приватизирала овој дел од улицата а за бандерата вели дека не била на тоа место, но соседите ја преместиле.

Додека разговаравме со неа, неколку соседи кои поминаа од таму рекоа дека таа има фалсификувани документи.

Камненова исто така вели дека им рекла на соседите да земат геометар доколку не веруваат дека парцелата е нејзина.

Пред два дена ситуацијата во оваа населба беше толку тензична при што беше неопходно полицијата да интервенира за смирување на страстите. Жителите на населбата кои се против Камненова велат дека државата ја одзела и ја претворила во јавен имот, а сега еден од соседите ја купил од државата и ја приватизирал. Велат дека за ова се уште постои судска постапка, па затоа се против продолжување на работите. Но Камненова вели дека адвокатот на соседот ги води на погрешен начин бидејќи одлуката на судот е конечна.

Извор:

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.