Advertisement
Нашиот најголем шоумен, се присети на песната која неговиот татко, маестро Александар Џамбазов ја напишал за неговата најголема љубов, за мајка му на Игор, Анче.
Advertisement
Маестро Александар Џамбазов е автор на голем број детски песни и беше долгогодишен диригент на фестивалот за деца, „Златно славејче“, но очигледно текстот за песната „Ана“ која ја отпеа Симеон Гугуловски, на Фестивалот на забавни мелодии СКОПЈЕ 71, му била меѓу најомилените.
Игор за текстот на песната напиша: „Песната на татко ми за мајка ми … каква љубов беше тоа, пријатели мои… Слава им“. Неговата објава собра многу лајкови и коментари, а на еден од коментарите пишуваше: „Вистинска љубов нема минато време…Таа “е” во сегашно време, и на овој и на оној свет…“
Advertisement