Какво време не очекува до крајот на оваа седмица

news
Advertisement

До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со појава на мала до умерена облачност, особено во недела.

Advertisement

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, од почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд

Времето денеска сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец, со температура до 13 степени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.