Како општеството го создаде феноменот Палчо? Дел од експертите по безбедност со порака – истрагата не смее да се ограничи на досега осомничените

news
Advertisement

Феноменот Палчо живее и понатаму кај нас, а безбедносните служби и истражните органи направија максимум и брзо реагираа врз основа на своите капацитети и соработката со Интерпол во случајот со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, изјави професорот Марјан Ѓуровски за случајот по денешната дебата на тема „Улогата на науката за безбедност и истражувањето во отпорноста, безбедноста и одржливиот развој во општеството на Филозофскиот факултет.

Advertisement

„Верувам дека тие и понатаму врз основа на материјалните докази ќе го зголемуваат кругот, затоа што навистина не треба да завршиме на тие луѓе кои се во истражниот затвор, туку и генерално како општество треба да говориме кој ни го создаде случајот со Вања, затоа што феноменот Палчо живее и понатаму кај нас и таа папочна врска мораме сите да придонесеме и науката и образованието да ја прекинеме“, вели Ѓуровски.

Осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо е во екстрадициски притвор во Турција. Тој претходно имал неколку кривични дела. Другите осомничени се во притвор во Шутка. Во однос на тоа како влијаеше случајот во општеството, Ѓуровски смета дека е потребен континуиран пристап со децата во училиштата.

„Значи апликативни, практични проекти и работа на науката и универзитетот со младата генерација со родителите и генерално да ја јакнеме отпорноста на општеството и граѓаните“, вели Ѓуровски.

Извештајот од судска медицина за убиството на Вања се уште не е готов. Извештајот е еден од клучните докази во истрагата и целосно расветлување на случајот. Вања беше пронајдена мртва на 3 декември. Палевски ја напушти државата на 30 ноември и преку Србија и Бугарија избега во Турција каде беше уапсен од тамошните власти во градот Баликесир.

ИЗВОР. https://telma.com.mk/2023/12/21/kako-opshtestvoto-go-sozdade-fenomenot-palcho-del-od-ekspertite-po-bezbednost-so-poraka-istragata-ne-smee-da-se-ogranichi-na-dosega-osomnichenite/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.