Јакимовски до ВМРО-ДПМНЕ: Како „Алумина“ додека бевте на власт беше „проект“, а сега е „бизнис“

news
Advertisement

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски со реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со деталниот план за „Алумина“:

Advertisement

ВМРО-ДПМНЕ, како што стои во напишаното од страна на Јакимовски, да престане да ја замајува јавноста со своите „тралала“ соопштенија.

„Тие треба да одговорат на јавноста како „Алумина“, додека тие беа на власт да биде „проект“, а сега кога се опозиција нивниот „проект“ да стане „бизнис“. Нека не кинат зелени со наводни одземања на ингеренции на општината за владата да го изгласала деталниот план. Моето искуство со Христијан Мицкоски говори дека исто вака и за проектот Ист Гејт долго се инаетеше додека не се испазари. Па потоа Христијан излижа тоа што плукаше. Ај што лижеше тој, мораа да излижат тоа што плукале и неговите советници од Гази Баба кои обесчестени и понижени мораа да го гласаат деталниот план за Ист Гејт. Така ќе биде и сега додека го направи пазарот па потоа по принципот „маж рекол, маж одрекол“ тој и неговата арамиска дружина ќе си живеат среќно“, вели Јакимовски.

Додава дека за разлика од нив , тој проектот „Алумина“ секогаш го поддржувал и ќе го поддржува.

„И кога биле министри Миле Јанакиевски и Владо Мисајловски – Кендо и сега кога е Бочварски затоа што и тогаш и сега мислам дека е добар проект“, потенцира Јакимовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.