Како се случи трагедијата во која почина синот на Мукоски

news
Advertisement

Денеска во раните утрински часови околу 02:10 часот се случи тешка трагедија каде млад вевчанец го загуби животот како последица на трагична сообраќајна несреќа, пренесува монитор.мк. Информацијата ја потврдија од МВР. На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга, велат од МВР.

Advertisement

Автомобилот од типот Ауди излетал од патот и се превртел, а како последица на тоа животот го загубил возачот на автомобилот.

Како што објавивме, возач на автомобилот кој го загуби животот е лицето М.М, син на поранешниот заменик Крсте Мукоски, поранешниот пратеник од Вевчани.

Нашата редакцијата изразува длабоко сочувство за семејството Мукоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.