Канал 5: Приведен Драган Даравелски

news
Advertisement

Од анонимен извор добивме дојава дека денес се очекувал влез на осудениот во отсуство Драган Даравелски на граничниот премин со Србија и дека наскоро треба да биде однесен во Идризово, пренесува Канал 5.

Advertisement

Како дојде до ова апсење на Даравелски, и дали самото негово влегување во Македонија е дел од организирана акција, од МВР кратко им изјавиле дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали.

Инаку, Драган Даравелски е поранешниот директор на Царинската управа кој во 2007 год. беше осуден во отсуство на 7 години затвор, и кој беше баран со потерница на Интерпол, еднаш веќе во 2016 год. беше уапсен во Белград но до ден денешен не се случи неговата екстрадиција.

Тој се товареше дека додека бил на функција на службено лице, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.