Кајшаров ќе истерува демони в сабота во Скопје (ВИДЕО)

news
Advertisement

Самопрогласениот исцелувач Константин Тино Кајшаров најави дека ќе истерува демони в сабота во Скопје.

Advertisement

Во неговата објава на Фејсбук се наведува дека оваа сабота во Скопје од 18 часот ќе организира „исцелување, ослободување од демони, од проклетства и магии“.

Заинтересираните треба да направат резервација, а учеството е бесплатно, наведува тој.

Покрај најавата тој сподели и видео од „истерувањето демони“.

Неговата објава предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Многумина предупредуваат дека, иако пишува дека лекувањето е бесплатно, тој „дебело“ наплаќа за сеансите. Ова се дел од коментарите на граѓаните:

– Кај главата им ја празни, па и паричникот. Колку што имам слушнато, по 3.000 денари од сесија им земал. Ама си нашол овци, нека ги стриже.

– Исцелител со плацебо ефект, би му додала ваков назив, наместо мастер Константин како што самиот се нарекува.

Како што пишуваат медиумите, Константин Тино Кајшаров се претставувал себе си како надрилекар, пејач, биоенергетичар, кинезитерапевт, познавач на фреквенции, пастор…

Наздравје исцелување в сабота!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.