Коста не покажувал ни малку каење: Момчето кое го изврши масакрот во училиштето на полицајците мирно им кажало

news
Advertisement

Коста не покажувал ни малку каење: Момчето кое го изврши масакрот во училиштето на полицајците мирно им кажало се

Advertisement

Момчето не се кае за злосторството што го направил. На полицијата мирно и кажал се што и како планирал – вели извор на „Блиц“.

Коста Кечмановиќ (13) кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ кажал дека сам ги направил молотовите коктели кои му биле пронајдени во ранецот.

Татко му редовно го носел на стрелиште, многу вежбал и одлично стрелал, а доказ е дека го застрела чуварот од 14 метри далечина – додава изворот на „Блиц“.

Според медиуите Коста пријавил насилство во глумачка школа ДКЦ пред две години, кога бил петто одделение.

– Пријател од групата го удрил, по што му пукнала усната. Од Центарот за социјална работа одговорија дека бил напишан извештај и родителите биле повикани на разговор. Ова е единственото насилство што е пријавено врз Коста Кецмановиќ .

Медиуите пишуваат дека Коста подолго време одел на посета кај психолог.

Според информациите од полицијата, полицајците по апсењето го прашале Коста во автомобилот дали знае што направил, на што тој одговорил:

„Убив, убив најмалку осум луѓе, а најмногу 25!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.