Детали за убиството во Србија: Ученикот имал список за одмазда

news
Advertisement

Тој е уапсен и однесен на распит во полиција.Медумите јавуваат дека Ученикот Коста Кецмановиќ многу пати учествувал на повеќе училишни натпревари. Тој лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Денеска целиот крвав поход започнал токму поради неговиот гнев кон наставничката по историја која му ставила единица по предметот, по што тој упаднал на нејзиниот час утрово и почнал да пука. Полицијата соопшти дека злосторството го подготвувал еден месец, во станот се пронајдени имињата на учениците кои планирал да ги убие.

Advertisement

-Ова е месец дена планирано Кецмановиќ не го откри мотивот. Го зел огненото оружје од станот на татко му и го донел со четири молотови коктели. Скицата изгледа како нешто од видео игра или хорор филм што покажува дека тој детално планира како да влезе во училиштето и колкав број убиства да изврши од VII-2, VII-3, VIII-4. -Веселин Милиќ, началник.

Експертите објаснуваат дека до ваква трагедија, можат да доведат деца кои се под притисок и имаат лошо искуство на училиште.

-Многу често се наоѓаат во ситуација која е конфликтна и не знаат како да ја решат, ги влечат на различни страни и, на пример, родителите вршат притисок на едната страна, училиштето на другата страна, врсниците на трета.Децата често се малтретирани, исмејувани и она што е исклучително важно, тоа е факторот на достапност на оружје. Оружјето што може да уништи толку многу луѓе е на располагање на детето. – Јасна Хрнчиќ-Професор по психологија и социјална работа на Факултетот за политички науки Србија.

Покрај момчето кое денеска го изврши масакрот во училиштето во Врачар, уапсен е и неговиот татко. Таткото тврди дека пиштолите биле заклучени во сефот под шифра, но очигледно детето ја имало шифрата на тој сеф. Неофицијално, детето и неговиот татко заедно вежбале стрелање. Во овој случај мерки предвидени со закон ќе бидат преземени и против таткото на ученикот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.